Македонија беше блиску до бод во Никшиќ

ЦРНА ГОРА - МАКЕДОНИЈА   31-30 (16-16)
Македонија: Мицевска, Јовановска, Јанкуловска 7, Миновска 5 Јанеска 4, Дабевска 3, Стојковка 4, Гичевска 2, Ризоска 1, Џатевска 1, Гугуљанова, Серафимова, Коловска, Младеновска, Кипријановска, Коцева



Женската репрезентација на Македонија, видно подмладена и без Ристовска и Георгиевска во составот, одигра одличен натпревар на гостувањето во Никшиќ и имаше шанса дури и непоразена да се врати дома. 
Не успеа, Ц. Гора славеше минимална победа (31-30), но има доста причини за да биде задоволен селекторот на македонската репрезентација Љубомир Савевски.
Црна Гора на искуство, посебно од рацете на Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ го контролираше натпреварот во вториот дел, успеа да стигне и до водство од 27-21, но покажаа карактер македонските ракометарки. Јанеска и Јануловска ја поведоа екипата кон серија од 5-0, па на крајот натпреварот можеше да има и драматичен финиш. 
Македонија намали на 30-31 преку Миновска на пола минута до крајот, а потоа Црногорките беа да нападнат кон голот, успеаја да изнудат два прекина и да ги потрошат секундите до крајот. 

Претходно, во текот на првото полувреме, Македонија имаше водство до 13 минута, а потоа со четири гола по ред на Радмусовиќ и два на Радичевиќ, црногорскиот тим направи пресврт и поведе со 15-13. На полувреме, сепак, се замина со егал 15-15. 

Во рамките на ЕХФ Еуро Куп, Норвешка и на вториот меч ја совлада Словенија, 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk