Монпеље засилен доаѓа во Скопје

Монпеље во среда ќе гостува во Скопје и ќе биде посилен за двајца ракометари.



Вардар во среда игра уште еден натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите, а гости во Скопје по екипите на Мешков Брест и Алборг ќе биде францускиот вице-првак Монпеље. 

Оваа екипа имаше проблеми во Лигата на шампионите, запиша и еден голем пораз на гостувањето во Алборг, но затоа веќе во следното коло го декласираше големиот Кил. 
Дали е Монпеље „домашна“ екипа или знае да игра и на гости, ќе видиме во среда, а тоа што е битно е дека во нивната екипа се враќаат двајца повредени ракометари. 

Исландскиот бек шутер Олафур Гудмунсон и капитенот на екипата Валентин Порт ќе бидат во составот уште денеска за мечот со Сесон Рен. 
Гудмундсон играше на натпреварите со Пик Сегед и Алборг, но го пропушти дуеот со Кил. Валентин Порт, пак, поради повреда на прстот е вон терен уште од финалето на Олимписките игри во Токио. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk