Т. Пролет со подобар финиш до бодови

СТРУГА - Т. ПРОЛЕТ  21-24 (11-14)
Барјактаревиќ 5, Кастратовиќ 4 - Пецаковски 6, Аларов 5



Не попусто тренерот на Т. Пролет, Андон Доне Бошковски пред натпреварот велеше дека нема да им биде лесно во Струга. 
Пролет, победи, но не беше лесно. Водеше во текот на целиот меч скопскиот тим, на моменти со два, на моменти со три гола, но главно тука беше на чекор два зад нив домашниот тим. 
Во финишот, Струга намали на 20-21 и 21-22, преку Маркоски и Барјакаревиќ, но најдобрите стрелци во тимот на Т. Пролет, Михаил Аларов и Дејан Пецаковски не дозволија пресврт, па ни израмнување, туку со два гола во последните минута и пол ја запечатија победата на конечните 24-21. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk