„Пасивен“ семафор на Супер глоуб

На Супер Глоуб што се игра во С. Арабија, ИХФ тестира нов семафор. Семафор за пасивна игра.



Светската ракометна федерација го искористи Супер Глоуб за тестирање на новиот семафор. Тој семафор одбројува колку додавања има екипата откако судијата ќе сигнализира дека нападот е пасивен. Така и публиката и ракометарите имаат увид во моменталната ситуација. 

Не веруваме дека оваа „технологија“ ќе заживее низ клупските првенства колку и да се покаже успешна на Супер Глоуб. Од проста причина што веќе се усвоени промените на правилата и пасивна игра ќе има само четири додавања, а за четири додавања тешко дека ќе е неопходен семафор.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk