Супер силни тимови на пат кон ЕП Македонија

По само едно одиграно коло, се издвоија фаворитите за пласман на женското Европско првенство што во ноември следната година ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија. 



Одиграно е првото коло од квалификациите за ЕП 2022 што ќе се одржува во Македонија, Словенија и Црна Гора. Во оваа фаза, 24 репрезентации се поделени во 6 групи од по четири екипи, од кои двете првопласирани ќе обезбедат место на ЕП 2022. 

По само едно одиграно коло, во кое освен во групата „4“ каде што „Кралиците на шокот“, Хрватска, беа шокирани на домашен терен од Украина, сите други резултати се во рамки на очекуваното и практично по само едно коло можеме со голема веријатност и да погодиме да ги претставиме учесниците на ова ЕП. 

Директно се пласирани, Македонија, Словенија, Црна Гора и Норвешка. 

Во групата „1“ , Русија ја совлада Швајцарија (26-22), а Полска беше убедлива против Литванија (36-22). Русија и Полска ги очекуваме на ЕП. Швајцарија не дека е без шанси, но...
ГРУПА 2 - Романија ги совлада Ф. Острови, а Данска беше подобра од Австрија (27-22). Очекуваме Романија и Данска да се пласираат на ЕП.
ГРУПА 3 - Германија и Холандија се огромни фаворити во однос на Белорусија и Грција. 
ГРУПА 4 - Франција со 16 гола разлика ја совлада Чешка (38-22) и тие се сигурно учесници на ЕП, додека Украина и Хрватска ќе бидат во клинч до последен момент.
ГРУПА 5 - Унгарија и Шпанија се во предност пред Словачка и Португалија. Не очекуваме изненадувања во оваа група.
ГРУПА 6 - Шведска и Србија ги очекуваме на ЕП, Турција и Исланд ќе бараат нова шанса, барем според нас. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk