Келце прави „скопска“ база за иднината

Хасан Валид Ахмед Кадах најдобриот стрелец од Светското јуниорско првенство во Македонија и член на ол стар тимот од Скопје е новото засилување за Келце. 



Најдобриот стрелец од кадетското СП што во 2019 се играше во Скопје, египетскиот бек Хасан Кадах е новиот играч на Келце. Овој 205 сантиметри висок лев бек на Замалек ќе дојде во Полска во 2023 година. 

Келце, полека гради база на играчи од СП што се играше во Скопје. Ова е трет ракометар од мундијалот што ќе игра за полскиот првак. Пред него потпишаа Хаукур Трастарсон од Исланд и Јусуф Фарук од Нигерија, овде познат и по тоа што потпиша договор со Бутел Скопје, но по втор пат не се појави во Македонија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk