Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја судеа полуфиналната средба од Супер глоуб меѓу Магдебург и Алборг.
Магдебург е во финалето на Супер Глоуб откако попладнево го совлада тимот на Алборг (32-30) на натпревар што го судеше македонската двојка Начевски - Николов.
Германците тргнаа фуриозно, поведоа со 9-4, но потоа застанаа, влегоа во данската воденица и набрзо Алборг беше тимот што диктираше резултат и водство.
Клучни на мечот беа последните пет минути во кои Магдебург успеа да го преземе водството (26-25), а потоа при резултат 29-28, Алборг промаши три напади по ред. Примија два гола Данците беше 31-28, но имаше и само минута и пол до крајот на мечот.
Магдебург во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Пињеирос - Барса, а ќе си земеме слобода да кажеме дека тоа ќе биде шпанскиот состав.
Поразените ќе играат за утешна награда што се пишува со пет нули, за трето место.