Кулеш доби билет во еден правец

Белорускиот бек Владислав Кулеш следната сезона нема да биде дел од екипата на Келце. 



Од поодамна беше најавено дека Владислав Кулеш ја игра својата последна сезона во дресот на Келце. Полскиот клуб, сепак, велеше дека тој ќе добие шанса да се покаже, да оправда што е дел од овој проект и дека неговата приказна со Келце не е завршена со сигурност. 

Но, денеска, на својот Твитер профил, претседателот на клубот, Бертуш Сервас објави дека Кулеш си заминува. 
- Да, тој нема да биде со нас следната сезона. Му посакувам добро да се снајде во нов клуб, тој е одлично момче“, објави Сервас. 

Келце за следната сезона ги ангажираше Сташ Скубе, Халил Јагањац, Недим Ремили и Беноа Конку. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk