Црна Гора со свои маки: Без Радичевиќ и Мехмедовиќ во Скопје

Женкските репрезентации на Македонија и на Црна Гора утре ќе ги одмерат силите во рамките на првото коло од ЕХФ Еуро Куп. 



Релативно новото европско натпреварување, ЕХФ Еуро Куп има за цел да ги држи запослени репрезентациите што не играат квалификации за ЕП. Во случајов тоа е трите домаќини, Македонија, Словенија и Црна Гора и бранителот на трофејот Норвешка. 
Во прицип, пријателски турнир од кој резултатска корист или престиж нема, но затоа репрезентациите го користат за воигрување и пробување нови играчи. 

Македонија утре ќе игра против најуспешниот спортски колектив на Црна Гора. Но и тие имаат свои маки, би додале типични за нив. 
Во Скопје нема да играат Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ, двете ракометарки на Кастамону. Тоа е одлука на селекторот Бојана Поповиќ, а двете крила ќе бидат во составот за дуелот што на 10 октомври ќе се одигра во Никшиќ.
Нема да биде ниту новоповиканата Ѓурѓина Маловиќ. Тулон, нејзиниот клуб уредно ја информирал црногорската федерација дека Маловиќ е повредена и дека нема да може да настапи. 
Но, споменатата ракометарка синоќа играла 50 минути, па Црногорците сега веруваат дека не е повредата туку нешто друго причина за отсуството. 
Повикана била и голманката Марта Батиновиќ, но таа без објаснување едноставно не се појавила на собирот. 
Јелена Деспотовиќ и Ѓурѓина Јакуковиќ се повредени и одамна на нив не се смета. Андреа Кликовац, објави крај на репрезентативната кариера. 
Сања Премовиќ е дополнително повикана, но таа нема право на настап во оваа фаза од ЕХФ Еуро Куп затоа што не била на списокот пријавен во ЕХФ. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk