Голем тренер се простува со ракометот

Ракометот во Данска во голем дел од новот милениум беше тесно поврзан со две тренерски имиња. Улрик Вилбек и Јан Питлик. Вилбек е веќе во пензија, Питлик планира да заврши со кариерата во јуни.



Во јуни ќе заврши една славна ера од данскиот ракомет. По 31 година мината на терен, главно во врвни екипи од ракометот се простува Јан Питлик. 
Тој во 2020 замина од Оденсе и потпиша три годишен договор со Сондерјуске, но го раскинува договорот. Причините поради промената на професионалниот живот, иако има само 54 години се приватни. Како што изјави за ТВ2, неговата мајка неодамна починала, а татко му е стар и немоќен. Децата (Симон и Камила, двајцата се ракометари) пораснале и се отселиле и сега е најпотребен во семејството. 
Како селектор на Данска (во два наврата) има освоено две злата од Олимписки игри, еднаш бил европски шампион, двапати вице-шампион и еднаш бронзен од СП.
Во периодот 2015-16 беше тренер и на македонкиот клуб ЖРК Вардар со кого играше на Фајнал фор. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk