Србија остана без Лекиќ и Цвијиќ

Во пресрет на старот на квалификациите за ЕП Македонија/Словенија/Ц. Гора, селекторот на репрезентацијата на Србија, Урош Брегар објави вест што нема да им се допадне на фановите кај северниот сосед.



Србија во иднина ќе игра без двете поранешни ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ. Двете познати ракометарки одлучија да се повлечат од репрезентацијата.  Нешто претходно и екс ракометарката на Металург, Катарина Крпеж се повлече од националниот тим. 
Србија има релативно лесен пат до ЕП. Турција и Исланд и се главните противкандидати, па сметаме дека лесно ќе биде на списокот на патници за ЕП. 
Но, таму ќе биде во изменет состав, без препознатливото трио. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk