Парондо тргна со пораз

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо денеска дебитираше на клупата на Мелзунген. Со пораз. 



Гарсија Парондо не успеа да донесе тренерски „boost“ во Мелзунген и со пораз ја продолжи својата тренерска кариера. 
Мелзунген, за несреќа на новиот шпански тренер за противник на домашен терен го имаше Магдебург. Оваа екипа, пак, по слабиот старт на Флензбург и РНЛ, засега е единствениот вистински ривал на Кил во трката за првото место. 

Во таков победнички амбиент Магдебург и го одигра мечот со Мелзунген. Домашните на три минути до крајот стигнаа до минимална негатива, но Магдебург успеа пасивниот напад да го материјализира преку Марко Безјак и да се врати на плус два. Потоа следеше се или ништо напад што Андре Гомес го финализираше со шут во голманот и Магдебург постави конечни 27-24. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk