Митревски ја одбрани победата на Порто

Порто водеше цел натпревар на гостувањето кај Динамо во Букурешт, но идејата на Матијас Андерсон да игра без голман во последните две миунти беше коцка што ќе ги оставеше без планираните бодови Португалците. 



Втор натпревар по ред победата на Порто во Лигата на шампионите е потпишана од македонскиот голман Никола Митревски.
По пресвртот со Флензбург минатата недела, вечерва Митревски го реши и мечот со Динамо во Букурешт. 

Порто за волја на вистината водеше цел натпревар, но во финишот на само две минути до крајот, кога Порто имаше гол предност, Матијас Андерсон реши да игра без голман. И токму во таа акција погрешија Португалците и Динамо погоди празна мрежа за израмнување од 26-26. 
Во следниот напад Порто поведе 27-26, но остана речиси цела минута за Динамо за последен напад. 

Романците одиграа добра комбинација за шут на десниот бек Амин Анур од Тунис кој два напада претходно ефектно поентираше. Шутот на Тунижанецот во последните секунди од мечот беше точен и опасен, но Митревски успеа да одбрани, да го смени правецот на топката и таа заврши во стативата и недвор теренот. 

Доста познати имиња имаше на теренот. Поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан имаше четири интервенции, но меѓу нив и пенал со кој Динамо остана во игра за реми. Кристијан Дизингер не мина добро против Митревски и имаше реализација 2/7. Официјалната статистика забележе девет одбрани на македонскиот голман, но сите беа распоредени во важни моменти и од сериозни позиции. Круна е последната интервенција што донесе победа. 

Вечерва играа и Мешков Брест со Пик Сегед, а победија гостите од Унгарија, 28-25. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk