Добра група, но лош распоред на Е. Пелистер

Битолчани добија група од која релативно можат да бидат задоволни. Шанси за пласман на првите четири места, има, но ќе им треба трпение. 



За разлика на пример од Вардар кој во Лигата на шампионите по гостувањето кај на хартија најлсниот противник има три средби по ред на домашен терен и убава можност да влезе во победнички ритам, без замор и патувања, за битолчани приказната ќе биде сосема поинаква. 

Групата им е добра, но распоредот е многу лош. 
Битолчани Европската лига ја почнуваат на домашен терен и тоа против Ним, веројатно најсилниот тим во групата, иако доаѓа од петтиот шешир.
Потоа имаат две гостувања. Прво ќе одат кај Кадетен Шафхаузен, а потоа кај АЕК во Атина. Вториот меч на домашен терен ќе го играат во четврото коло, а противник им е екипа од првиот шешир - Татабања. 

Ова е предуслов, битолчани да мора да бидат трпеливи и во случај резултатите на стартот да не им одат во прилог. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk