Нема лесно за Е. Пелистер: Ним и Спортинг доаѓаат во Битола

Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Д на ЕХФ Лига Европа против Татабања, АЕК Атина, Ним,  Спортинг Лисабон и Кадетен Шафхаузен



Немаше лесно за Е. Пелистер, па така и од групата во која беше извлечен, може да биде умерено задоволен. Има опасни противници, иако не се звучни колку што веројатно посакуваа во Битола.
Најопасниот противник доаѓа дури од петтиот шешир. Тоа е францускиот Ним, екипа со 5.000.000 евра буџет, во моментов второпласирана во една од двете најсилни лиги и екипа што без проблем го елиминираше рускиот тим ЦСКА Москва. 
АЕК е најтешкиот тим од третиот шешир. Како победници на ЕХФ Куп (Челинџ) добија вајлд карта и се полош избор од ослабениот Горење, потоа Татран кој не може да фати конитнуитет никако, а и финскиот Кокс не може да се споредува со нив. 
Татабања затоа е можеби најдобриот избор од првиот шешир, но тоа веќе не е тимот што (лани) игра по две на гости колку да ја одработи сезоната. 
Спортинг со Рикардо Коста и неговите два сина кои се меѓу најголемите потенцијали во Европа, ќе биде своевидно уживање да се гледаат, а Кадетен со Кањељас кој двапати го преслуша Гранољерс исто така е опасен противник. 




Четири екипи од секоја група продолжуваат во 1/8 финалето. Вкрстуваат по принцип А1-Б4... 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk