Последниот пораз на Барса во ЛШ беше во финалето на одложениот фајнал фор во Келн. Цела ланска сезона каталонците доминираа и на крајот станаа шампиони. Сега на таа серија и дојде крајот.
Веспрем денеска славеше 29-28.
Веспрем, благодарение на 18-те одбрани на Родриго Коралес ја контролираше целата средба, но во финишот имаше драма.
Откако во последната минута напаѓаа при водство од 29-28, ракометарите на Веспрем беа пасивни, па голот од девет метри што го постигна пикерот Нилсен не им беше признат.
Поетската правда, од чешките „поети“ Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни стигна во следниот напад.
Барса нападна, на линијата беше Мелвин Ричардсон, фаулите на унгарските дефанзивци беа далеку пожестоки од нормално, па Барса може и да се жали за правилото 30 секунди, иако нема да види корист од тоа.
Дејан Манасков постигна два гола од исто толку обиди.
Денешни резултати:
Вардар - Алборг 30-28
Веспрем - Барса 29-28
Мотор - Келце 25-26