Парондо ќе го вади Мелзунген од калта

По незаборавната деби авантура на клупата на Вардар во шампионската 2019 година, Роберто Гарсија Парондо одново ќе води клуб. 



По „задолжителното“ чекање имајќи предвид дека во игра беше непостојаноста на Египет, како и имињата на Хрвоје Хорват и Дагур Сигурдсон во комбинациите, денеска како официјална можеме да ја објавиме веста дека поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо е нов тренер на бундеслигашот Мелзунген. 

Екипата што има на располагање 5 милиони евра буџет и не мал број на познати имиња во составот како Фин Лемке, Андре Гомеш, Јулиус Кун, па голмани како Небојша Симиќ и Силвио Хајнефетер, странци од типот Арнарсон, Јонсон, Петерсон, Павловиќ имаше лош старт под водство на Гудмундур Гудмунсдон. 
По само три кола во кои запишаа два пораза и едно реми, Исланѓанецот отиде низ излезната врата, а по него едвај минимално како домаќини го совладаа Лубеке и потребата за тренер стана алармантна. 

Сега се на 11 место со три бода по четири средби и гостување кај ранетиот Хановер во недела. Колата од калта ќе ја вади Гарсија Парондо, кој по шампионската деби сезона на клупата на Вардар во 2019 се пресели во Египет каде што покажа дека Вардар не беше случајност и дека е квалитетен тренер што знае што сака. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk