ВУЈОВИЌ: Со публиката имаме играч плус

Вардар и Алборг утре прв пат ќе ги вкрстат копјата во Лигата на шампионите. Ланскиот финалист е голем предизвик, поинаков од досегашните средби.



„Ние за краток период одигравме многу натпревари и имам многу уморна екипа. Алборг, пак, е противник со каков што досега немаме играно. Според мене тие се меѓу тимовите што играат најубав ракомет. 
Враќањето на публиката е голем плус, ние со навивачите на трибините имаме играч повеќе. Имаме добра атмосфера, имаме добри играчи, проблем може да ни биде уморот. 
Исрекно се надевам дека ќе одговориме на предизвикот и дека ќе го продолжиме овој тренд на успешни резултати“, вели Вујовиќ. 

„Со доаѓањто на Њокаси станавме поопасни со шутевите од надвор, но и поголеми потрошувачи се на топки. Сега мораме да играме многу порационално. Тие имаа пауза во Металург, можеби ќе дојде пад кај нив, јас сум свесен за тоа, но моја обврска е тоа да го регулирам, се надевам дека нема да има многу пукнатини“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk