ВИДЕО: Загубија зошто „заборави“ да изведе пенал

Хрватското првенство имаше да понуди нешто посебно и ретко видено досега.



На натпреварот меѓу Карловац и Рудар од хрватската Премиер лига имаше момент што нема брзо да биде заборавен. 
Имено, при водство на Карловац од 26-25, беше досуден пенал за Рудар, на само три секунди до крајот. 
Малерозниот изведувач направи превид, „заборави“ дека времето не е истечено и по судискиот знак, заборави да го изведе пеналот во предвидените секунди, времето истече и неговиот тим си замина дома со празни раце. 


 

Појаснување: Ракометарот има право 3 секунди да ја држи топката. Ако натпреварот е запрен за помалку од 3 секунди, тогаш се чека времето да истече. Проблемот со ова видео е што не се гледа семфарот, а ракометарите на Карловац почнаа да се радуваат 3-4 секунди по судискиот свиреж. 
Останува, да му се верува на судијата, но ова теба да биде и повик за едукација на тренерите и играчите и тоа гледано стриктно од судиски агол што смее, а што не смее. 

П.С. Ако приметивте, ракометарот ја тапна топката по судискиот знак. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk