Валентина Радуловќ, некогашната ракометака на Кометал Ѓ. Петров, Хипо од Виена и Слагелсе од Данска, повторно игра и тресе мрежи.
Валентина Радуловиќ постигна пет гола на натпреварот што во Битола го играа екипите на Феникс и Шампион. Радуловиќ е тренер и играч во тимот на Шампион, а денеска се појави на теренот и трипати од седмерец и двапати од игра ја затресе противничката мрежа и придонесе за победата на својата екипа. Симона Димитриевска постигна осум, а Нина Неделковска пет гола за скопскиот состав.
Шампион го доби овој натпревар 25-23, откако водеше во текот на целата средба. Највисокото водство им изнесуваше шест гола (12-6), но битолчанки предводени од Сара Рујановска која постигна девет и Королеска и Ризоска, стрелци на седум односно шест гола се доближија во второто полувреме на на минус два (13-15), а во финишот и на 22-23 и 23-23, но немаа сили за да стигнат до израмнување.