Усвоени нови правила во ракометот

Најавените измени на правилата на ракометната игра беа усвоени на состанокот на Советот на ИХФ. 



Неколку „козметички“ измени кои заедно ќе имаат големо влијание врз ракометната игра, односно транзицијата и брзината, а тоа може и тоа како да ја измени ракометната хиерархија во Европа. 

Се кратат две додавања и откако ќе бидат официјално промовирани новите правила, под знак на пасивна игра ќе има само четири додавања. 

Секој шут во главата на голманот, намерен или ненамерен ќе биде санциониран со две минути. Јасно, не треба да додаваме дека ако постои намера казната ќе биде поостра. 

Правилото што најмногу ќе ја забрза играта е воведување на круг со радиус од два, односно дијаметар од четири метри на центарот на теренот. 
Од секое место внатре во кругот ќе може да се изведе почетен удар. Дури и од двата метра на противничката половина. 
Ова особено ќе се одрази на брзиот центар, како и на евентуален шут на празен гол. Се очекува освен брзината, дополнително да ги обезсхрабри екипите да играат без голман. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk