Шоу на Њокас, бодови за Вардар

ВАРДАР 1961 - МЕШКОВ БРЕСТ 35-27 (19-13)
Вардар: Томовски (10 одб), Сафар (2 одб) 1, К. Њокас 8, Моралес 5, Дибиров 5, Гаџа 4, О. Њокас 3, Тото 3, Стоилов 2, Талески 2, Диало 1, Ѓукиќ 1, Чувара, Валчак, Георгиевски, Мишевски



Вардар го совлада Мешков Брест во второто коло во Лигата на шампионите, на натпревар што црвено-црните го го контролираа во сите 60 минути, на моменти доминираа, но имаа и периоди во кои реална беше опасноста гостите од Белорусија да направар резултатски кам бек.

Вардар отвори подобро, Талески и Моралес имаа во нападот свои моменти, а разликата се направи со помош на Томовски на голот. 
Кога Талески и Моралес ги потрошија добрите шутеви, Вујовиќ во игра ги уфрли браќата Њокас и со нив доби цела лепеза на ново можности во играта. 

Мешков Брест беше аутсајдер, но о денешниот меч ниту петте отсуства не се оправдување, а Даниел Гордо се искачи многу високо на  нашата листа на тренери што очекуваме да бида сменети.

Вардар контролираше, доминираше и во првиот и на почетокот на натпреварот се до едне момент. Имаше плус седум Вардар (22-15), кога за момент ја снема магијата. Белоруската 5-1 одбрана направи проблем за Вардар, па Вујовиќ играше и со Дибиров како централен бек. 
Мешков Брест се врати во игра и тоа опасно. Имаше 23-26 и два утнати контра-напади Мешков Брест за комплетен кам бек. 

А потоа на сцена стапи Кевин Њокас. Со серија на атрактивни потези и голови го извади Вардар од кризата и го одеведе кон мирна победа. 

На другиот натпревар од оваа група, Кил во голеадата во Вундерино Арена, со 41-36 (20-20) го совлада тимот на Елверум. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk