Руската младина заглави во „обложувалница“

Осум руски репрезентативци од селекцијата У19 што настапи на ЕХФ Еуро во Хрватска се суспендирани. 



Осум руски таленти засекогаш на својот грб ќе носат етикета на потенцијални местачи на натпревари откако беа суспендирани од Комисијата за етика на руската федерација. 
За овие играчи се водела истрага, со сомнеж дека учествувале во обложување на своите натпревари, а со тоа и влијаеле на исходот на натпреварите. 
Русија загуби на сите натпревари на ЕХФ Еуро, освен на последниот и го освои 15-тото место. Со ова тие испаднаа од ЕХФ Еуро и во следниот циклус ќе играат во ЕХФ Шампионатите. 

Суспендираните играчи се Димитри Кандубин, Александер Морзов и Никита Гоголев од Ч. Медведи, Димитри Фролов, Данил Димитриев и Максим Најдунов од ЦСКА 2, Максим Ермолин и Георги Кириленко од СКИФ Краснодар.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk