Флензбург го бара Гидсел! Итно!

Матијас Гидсел беше желба на Флензбург. Флензбург беше желба на Гидсел. Гидсел потпиша за Берлин од 2022. Но, можеби ќе заигра и за Флензбург.



Поразот од Барса дома и особено поразот од Кил од 10 разлика на вчерашното дерби плус три загубени бода по три одиграни кола, значи „тревога“ во Флензбург. 

Најново од германскиот град што преку вода се гледа со бреговите на Данска е дека го сакаат нивниот супер талент Матијас Гидсел. И тоа со назнака итно. 
Матијас Гидсел од 2022 ќе биде ракометар на Берлин, но претходно можеби ќе му се исполни желбата да игра и во Флензбург. Зависи колку длабоко можат да брцнат во џебот Германците. Но, со повредени Магнус Род и Франк Цемпер немаат многу избор. 

Данскиот суспер-стар ја одработува својата последна сезоа во ГОГ Гудме и нив сигурно нема да им биде мило нити пак имаат некоја морална обврска да го ослободат Гидсел. Но, ако Флензбург им тропне на вратата и знае со колку нули се пишува убавиот збор, можеби вратата и ќе се отвори. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk