Аеродром и Куманово поделија бодови

АЕРОДРОМ - КУМАНОВО  24-24 (13-13)
Михајлов 10, Маркудов 4 - Тасевски 8, Миладиновски 4, Димовски 4



Екипите на Аеродром и Куманово ги поделија бодовите од првиот натпревар во групата „Б“ во Прва лига. Посреќен со ваквиот епилог би требало да биде домашниот состав од Скопје, кој во финишот на натпреварот беше во негатива од два гола (22-24) но успеа во клучните секунди од средбата да ја задржи концентрацијата, да постигне два гола и да ремизира против незгодниот противник. 

Михајлов со 10 гола беше најдобриот стрелец во домашниот тим, додека Влатко Тасевски беше прв стрелец кај кумановскиот состав. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk