Мелзунген го „купува“ селекторот на САД

Гудмундур Гудмундсон (60), исландскиот тренер кој освои сребро на со две репрезентации на Олимписки игри е по отказ од Мелзунген по само три натпревари. 



Етикетата за најголем малер и натаму е залепена на грбот на исландскиот тренер Гудмундур Гудмундсон. Тој во првото коло несреќно реагираше и побара тајм аут на три секунди до крајот, при нерешен резултат, делче од секундата пред неговите играчи да постигнат победедоносен гол. Гол што беше поништен. 
Потоа следеа уште два пораза на неговиот Мелзунген и сега исландскиот тренер се наоѓа пред отказ.

Засега непотврдено, но повеќе медиуми објавија дека Роберт Хедин, селекторот на САД ќе биде новиот тренер на Мелзунген. Tој веќе ја има водено оваа екипа од 2007-09 година и сега им изгледа како сосема добро решение за исполнување на амбициите што предвидуваа многу повеќе од еден бод по три одиграни кола. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk