Почнува Прва лига: Утре Алкалоид го игра првиот меч

Утре стартуваат натпреварите во Прва лига мажи, а новитет во овој шампионат и воопшто во македонскиот клупски ракомет е клубот Алкалоид. Овој клуб привлече внимание уште од првиот момент кога се појави во јавност како проект, а утре ќе го видиме и за прв пат на терен. 




На 18.9.2021 (сабота) од 12:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, РК „Алкалоид“ ќе го одигра првиот официјален натпревар против РК „Металург – РА“.
РК „Алкалоид“, како новоформиран клуб, сезоната ја започнува во машката Прва лига, во која оваа сезона ќе се натпреваруваат 19 екипи. Екипата на РК „Алкалоид“ е веќе формирана, играчите се во полн тренажен процес и подготвени за предизвиците кои доаѓаат во ракометната сезона. Екипата е составена од млади, талентирани ракометари, кои биле дел од младинските состави на нашата ракометна репрезентација, но и дел од сениорскиот состав. Составот на РК „Алкалоид“ за оваа сезона е следниот:

РК АЛКАЛОИД
Голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски
Бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески
Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски
Крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски
Стручниот штаб е составен од искусни ракометни експерти од нашата држава.
Главен тренер: Љубомир Савевски
Помошници тренери: Биљана Црвенковска, Бранислав Ангеловски, Влатко Котески
Кондициски тренер: Петар Баснарков, Физиотерапевт: Тошо Ристовски

РК „Алкалоид“ е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности. Со организација на стручната работа, РК „Алкалоид“ ќе се стреми да им овозможи на играчите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во македонскиот ракомет.

Натпреварот РК „Алкалоид“ – РК „Металург – РА“ ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во сабота од 12:00 ч. Во согласност со протоколите и со мерките за спречување на ширењето на пандемијата на КОВИД 19, донесени од Владата, дозволено е присуство во публика само за вакцинираните граѓани кои ќе прикажат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) против вирусот SARS-CoV-2, односно за примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД 19, или сертификат/потврда за прележан КОВИД 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лицата над 18-годишна возраст. Поради евиденција на вакциналните сертификати при влез од редарските служби, вратите за влез во салата ќе бидат отворени до 11:45 ч.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk