Циндриќ мора на операција и долга пауза

Лука Циндриќ им се приклучи на Тимоти Н'Гесан и Аитор Арињо на списокот на играчи на Барса што подолго нема да ги видиме на терен. 



По 12 минути игра на дуелот од првото коло во Лигата на шампионите, на гостувањето во Флензбург, Барса остана без хрватскиот плејмејкер Лука Циндриќ. 
Поранешниот ракометар на Металург и на Вардар го дислоцираше рамето, за негова среќа, рамето на нешутерската лева рака. 

Хрватот веднаш беше испратен на снимање, а резултатите покажуваат дека е неопходна операција. Точното, односно приближно точното време на неговото враќање на терен ќе биде познато по операцијата, но вообичано за вакви повреди е потребно повеќе време додека се вратат на терен, па така не го очекуваме во следниот месец или два на натпревар. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk