Аргентина заврши со Кадењас

Шпанскиот тренер Маноло Кадењас, го одработе своето како селектор на Аргентина.



Завршија Олимписките игри, со тоа и беа заокружени циклуси, се затвораат стари, се отвораат нови поглавја. По нешто повеќе од четири години соработка, завршија обврските на Маноло Кадењас, познатиот шпански стратег на кормилото на репрезентацијата на Аргентина. 
Кадењас со аргентинскиот состав имаше забележителни резултати и што за нив многу важно беа пред Бразил во Пан-американскиот дел. 
Имаше еден неуспешен обид паралелно со Аргентина да го води и Мешков Брест, но тоа не даде резултат каков што очекуваа и посакуваа Белорусите, па соработката не траеше долго. 

По завршувањето на ОИ, доаѓа до промени, Каденас е веќе минато, а неговото место го зазема тренерот што му асистираше последниве години, Гиљермо Милано.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk