Црногорецот кој лани играше и тоа добро играше за екипата на Металург, потпиша едногодишен договор со вториот тим на Берлин, Потсдам.
Црногорскиот ракометар Василије Калуѓеровиќ, кој минатата година како непознат играч дојде во Металург, а тука по краток престој и одличен впечаток (неочекувано) си замина на крајот на сезоната, има нов клуб.
Калуѓеровиќ потпиша за екипата на Потсдам, која важи како втор тим на бундеслигашот Фуксе Берлин. Овој клуб што во моментов игра во трета лига, преку ноќ стана „познат“ откако на клупата седна потпретседателот на Германката ракометна федерација Боб Ханинг.
Боб Ханинг е една од највлијателните личности во германскиот ракомет, со не многу завидна транерска кариера, но и како негови откритија се водат познатите ек-германски репрезентативци Торстен Јансен и Флоријан Керман, плус автрискиот репрезентативец Конрад Вилчунски.