ЛШ: Никогаш послаба Будуќност

Вечерва стартуваше Лигата на шампионите во женска конкуренција, како најава дека од следната недела на прогамата ќе биде и машката.



Будуќност отсекогаш била синоним за силен и незгоден тим во Лигата на шампионите. Уште во времињата пред Кометал Ѓ. Петров да стане првак, тие имаа што да кажат...
Но, не Будуќност каква што денеска гледавме на дуелот со Подравка. Екипата што од клупата ја води познатата поранешна ракометарка Бојана Поповиќ денеска беше на минус десет веќе по првото полувреме и тоа на гостувањето кај ништо посебно силната Подравка Копривница.
Средбата заврши со победа од 29-22 на хрватскиот состав.

Пораз запиша и актуелниот европски шампион Кристијансанд. Ѓер беше нивни домаќин и без поголеми проблеми славеше победа од 35-29, најавуваќи дека Норвежанките годинава че бидат приземјени. 
Ростов Дон го совлада тимот на Брест од Франција (26-24), а Борусија Дортмунд и ФТЦ Ференцварош одиграа нерешено 25-25 во Германија со што беше комплетиран првиот натпреварувачки ден. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk