Пешевски „разбиваше“, Кузмановски со „тројка“ против РНЛ

Комплетирано првото коло од Бундес лигата. Денеска на терен беа екипите во кои има Македонци.



Жарко Пешевски беше еден од најкорисните играчи на Штутгарт на дуелот со Магдебург во рамките на првото коло од новата сезона во Бундес лигата. 
Штутгарт, сериозно хендикепиран по повредата на лани најдобриот стрелец Виго Кристијансон, долго водеше во првиот дел, но домашниот Магдебург беше подобар во вториот дел и запиша победа од 33-29. Жарко Пешевски беше втор стрелец во тимот, постигна 6 гола без да промаши а имаше и изнудени седмерци, што го прави и покористен од Адам Лон кој постигна седум гола од 11 обиди за сино-белите. 

Денеска на терен беше и екипата на Хановер за која настапува Филип Кузмановски. Нивната приказна беше слична како таа на Штутгарт, со тоа што тие играа дома против РНЛ. Хановер водеше во првиот дел, РНЛ беше подобар во вториот и победи со 28-24.
И Хановер има проблеми со составот, па Филип Кузмановски мечот го почна како прв плеј мејкер. Македонецот постигна три гола од четири обиди и беше втор стрелец во тимот зад Иван Мартиновиќ кој постигна четири гола, но од девет шута. 

Ништо поразлично не беше ниту на средбата на Вецлар на Филип Миркуловски против Берлин. И Вецлар долго време беше во водство, за на крајот Берлин да победи 29-24. Македонскиот репрезентативец на овој натпревар ја имаше старо-новата улога и главно беше асистент на тренер, па  не се запиша во листата на стрелци.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk