Гледајте денеска: Старт на Супер лига (ЛИНК)

Со дуелот меѓу екипите на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2 денеска стартува новата сезона во македонската Супер лига. 



По пауза од 10 години македонската Супер лига стартува со сехалигашите уште од првото коло. Тоа е колосална промена, а променет е и системот на натпреварување според кој екипите пренесуваат соодветен број на бодови од регуларниот дел во Плеј оф и Плеј аут фазата. Не очекува интересно првенство во кое одново главниот збор би требало да го водат Вардар и Е. Пелистер, а потоа ќе следи битката на сите други за повисок пласман односно опстанок во шампионатот. 

Металург и Т. Пролет е мечот што е одложен затоа што ракометарите на Т. Пролет поради протоколот за Ковид се во изолација. Денеска само пет натпревари ќе се на програмата. Видео пренос од сите средби ќе има на веб страната на РФМ. 

ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД СУПЕР ЛИГА


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk