Билети за Е. Пелистер во продажба

Еурофарм Пелистер ги отвора вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ за своите навивачи и симпатизери на почетокот на сезоната 2021/22. Од денес (среда 08.09.2021) во 12:00 започнува продажбата на билети на веб страницата - https://kartieurofarm.mk за натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, закажан за в четврток во 17:00 часот. 



Од 14:30 часот на билетарницата на спортската сала ќе започне заверувањето на веќе купените билети. Според најновите мерки на владата, дозволено е присуство на 30% од капацитетот на спортската сала. Секој заинтересиран за купување на билет мора да поседува вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на оздравувањето, и лична карта. 

Цената на билетот изнесува 100 денари. Се молат навивачите да дојдат порано пред почетокот на натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“, бидејќи вратите ќе бидат затворени во 16:45 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk