Колкави се буџетите на француските клубови?

Клубовите од француската најсилна дивизија, годинава ќе имаат вкупно 82.5 милиона евра буџет. Подоаток што секако треба да го имате во предвид кога ќе правите какви да се споредби што секако во еден момент ќе ги правите со македонскиот ракомет. Податоците се од НХЛ, презентирани за француските медиуми. 



Со десет милиони евра повисок буџет од вториот, ПСЖ е недопирлив на врвот на списокот на екипи во Француската лига. Следат Монпеље кој е во иста група со Вардар во Лигата на шампионите и екипата на Нант која го олабави буџетот со испраќањето на скапите Гурбиндо и Домулан. 

Податок што може да биде интересен е дека најсиромашниот клуб во Франција, Саран, има буџет од 2.3 милиони евра, што е веројатно повеќе од тоа што го има Вардар на располагање. 
Јасно и споредбите со цените во Франција и трошоците што ги имаат таму за разлика од Македонија се големи, но сеедно, разликите и натаму се небо и земја, особено ако погледнеме на сметката на екипите од 3 место надолу во македонскиот шампионат. 

1. ПСЖ 17.8 милиони
2. Монпеље - 7.8
3. Нант  7.8
4. Екс Прованс 5.8
5. Нимс  5.0
6. Лимож  4.3
7. Данкерк 4.2
8. Шамбери 4.0
9. Ст. Рафаел 4.0
10. Шарт  3.7
11. Сесон 3.6
12. Тулуз 3.3
13. Нанси 3.2
14. Кретеј 3.1
15. Истра 2.6
16. Саран 2.3 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk