Веспрем на пенали ја освои СЕХА

Во драматичен натпревар во кој одново пеналите го решаваа победникот, екипата на Веспрем беше поуспешна од ППД Загреб и го освои својот четврти пехар во ова натпреварување. 



Веспрем е старо-нов првак на СЕХА во сезоната во која одигра само четири натпревари во ова натпреварување. 
Последниот беше и финалето на турнирот во кое Унгарците не беа убедливи, натпреварот немаше вистинска жестина особено во одбраната  заврши нерешено. 

Јунак на Веспрем е голманот Владимир Цупара, тргагичар на мечот е пикерот Марин Шипиќ. Тој го промаши клучниот пенал во претпоследната серија, по што Петар Ненадиќ ја запечати средбата со гол за 31-29.
ППД Загреб дури и не ги подреди добро стрелците, па така Иван Чупиќ, најдобриот пеналџија на клубот не ни стигна на ред да шутира во рулетот.

Мечот за трето место беше своевидна тортура, особено за ракометарите на Мешков Брест на кои очигледно не им значеше многу, односно ништо, па средбата со Мотор ја загубија со големи 11 гола разлика (20-31). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk