СЕХА добива (нов) шампион

СЕХА шампионатот денеска ќе го добие новиот првак. Дали тоа одново ќе биде Веспрем или по втор пат Загреб, ќе покаже натпреварот. 



Вечерва од 19:00 часот во Задар ќе се сретнат ППД Загреб и Веспрем на финален дуел за пехарот.  Унгарците го бранат трофејот освоен минатата година во на истото место, во Задар. 
ППД Загреб во своето четврто финале, ќе се обиде да дојде до вториот пехар. Шансите му се далеку помали отколку на противникот, но тие веќе и беа отпишани и елиминирани во 1/4 финалето, а ете ги овде во финале. А и Веспрем не игра којзнае каков ракомет и под водство на Момир Илиќ. 

Новиот шампион, кој и да биде, ќе има дамка на оваа титула. Дамка што ќе се гледа само во Македонија и од понекој фан што ќе се сети дека во Ковид сезона, Вардар бил елиминиран поради еден Ковид случај и тоа не без контроверзи. Во Хрватска или Унгарија, ќе ги гледаат работите од поинаков агол и на крајот покрај Вардар ќе загуби само СЕХА лига која во Македонија имаше најсилна база на навивачи и беше најценета. Сега веќе не е така, а на новата реалнос брзо ќе треба да се привикнат и од седиштето во Загреб.  

Во контекст на ова, само ќе додадеме дека новата сезона само што не почнала, а СЕХА се уште не знае ниту кои клубови ќе играат, ниту пак дали повторно Веспрем и Мешков ќе бидат привилегирани да играат директно во 1/4 финале.. СЕХА не известува редовно за важните работи, додеа постојано бомбардира со некакви небитни видеа или избори на нај тимови и голови итн.
Па, така за иднината на СЕХА главно се дознава од тоа што Борис Сапожњиков, еден од потпретседателите ќе го изјави за некој руски медиуми, па оттаму потоа се влечат цитати. 

Се надеваме дека денеска во пресрет на финалето, ќе има и побитни информации околу целата СЕХА, на начин каков што на времето знаеја да го направат и презентираат. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk