Загреб на пенали до финале

ППД Загреб го совлада Мешков Брест на седмерци и ќе игра во финалето на Фајнал фор турнирот. 



Мечот беше израмнет и не премногу квалитетен, но во финишот имаше драма. Загреб водеше 26-22, имаше и водство од 32-31 на седум секунди до крајот, но Санталов погоди од 10-тина метри и средбата се решаваше на пенали. 
По серијата од пет пенали беше нерешено (4-4) при што промашија Клис за Загреб и Скубе за Мешков Брест, а потоа во „еден на еден“ Јака Малус не успеа да го совлада Ивиќ, а Иван Чупиќ беше сигурен против Мацкевич.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk