ППД ЗАГРЕБ - ВАРДАР 25-22 (12-10)
Вардар: Томовски (12 одб), Сафар, Стоилов 3, Валчак 1, Моралес 1, Георгиевски 2, Диало 1, Чувара, Гурбиндо, Тото 4, Гаџа 2, Талески 3, Дибиров 5, Кудуз, Мишевски
Новиот Фајнал фор на СЕХА ќе биде уникатен по еден основ. Хрватска, домаќинот на турнирот нема да има свој претставник. За тоа се погрижија Веспрем кој го елиминираше Нексе во 1/4 финалето и вечерва Вардар кој го елиминираше ППД Загреб.
Така во полуфиналето на 3 септември во салата Крешимир Ќосиќ во Задар ќе се сретнат Вардар и Мешков Брест, односно Веспрем и Мотор Запорожје.
Загреб беше за неколку нијанси подобар противник во првиот дел од натпреварот, но Вардар го имаше на голот расположениот Мартин Томовски. Девет одбрани имаше македонскиот голман во првото полувреме и ја одржа во игра екипата на Вардар во моментите кога на теренот не им одеше најдобро.
Релативно израмнето беше на ссемафорот во првите 15-тина минути, имаше и Вардар малку од водството, но потоа ППД Загреб ја презема контролата и поведе со 10-7 што беше прв пат една да стигне до плус три. Вардар имаше еден лош период во кој речиси девет минути не постигна гол, но успеа во финишот, во последната секунда да постигне многу важен погодок со кој водството од три го намалија на два разлика (10-12).
Почетокот на вториот дел беше една сосема поинаква приказна. Одбраната на Вардар одлична, Загреб направи три технички грешки во првите три напади, а тоа беше вовед во серија од 4-0 за Вардар со која македонскиот тим стигна до плус два гола разлика. Оттогаш Вардар беше поинаков тим, тим што држи се под контрола.
Загреб се подразбуди, се врати во водство во 42 минута (16-15). Но, следеше одличен гол на Талески, а веднаш на тоа се надоврза и Томовски со одбрана што се врати егалот (16-16), а налетот на Загреб беше запрен. Потоа Талески и по втор пат постигна гол и го врати назад Вардар во водство.
Загреб се најде под притисок, што ги чинеше уште поголем минус. Со 7 на 6 напад, прво Дибиров, а потоа Талески и Стоилов одиграа одлично за водство од 19-17 за Вардар на само 11 минути до крајот.
Границата од 20 гола Вардар ја мина во 54 минута, со гол за водство од 21-20, со што Загреб во последните шест минути требаше да направи пет гола разлика, а за тоа ниту од далеку не беше кадарен.
Вардар играше ризично 7 на 6 и прими и гол на празна мрежа за минус од 21-23 и напад за плус три што малку ги подзагреа домашните, во последните две минути.
Следеа пробивање и чекори од Моралес и Кудуз што беше казнето од Загреб и водство од 25-21 на минута до крајот.
Потоа тргна Загреб во пресинг, а тоа го искорити Тото за гол и пласман на Ф4.