Македонските судии Методија и Михајло Илиевски добија ЕХФ судиски лиценци.
Младата македонска судиска двојка вчера го доби (долго)очекуваното соопштение од ЕХФ во кое се вели дека за време на ЕХФ Шампионатот во Скопје, односно Курсот за судии, оваа судиска двоја била под обсервација на неколку ЕХФ експерти кои во својот финален извештај до ЕХФ напишале дека судиската двојка успешно ги минала сите тестови и дека со успешно се снаоѓала и на терен.
ЕХФ затоа им додели статус на меѓунардони судии. Сега имаат ЕХФ лиценца и во продолжението на нивните кариери ќе бидат номинирани и за делење на правдата на натпревари надвор од напата граница.