Унгарија доби нов селектор

Женската репрезентација на Унгарија има нов селектор. Откако врвот на федерацијата ја анализираше играта и резултатите од Токио, реши да ја смени политиката.



Унгарија го смени селекторот на женската репрезентација. Габор Елек кој заедно со Габор Дањи го наследија Ким Расмусен се веќе историја, а нов селектор е Владимир Головин. 
Головин е роден во Одеса со потекло од СССР, но неговата кариера и играчка и тренерска е во Унгарија. Тој е виновен што Унгарија има Светски и Европски првак во јуниорска конкуренција. Творец е на генерациите 1999-2002, кои сега ќе бидат вистинската окосница на унгарската репрезентација.
Головин доби цел оллимписки циклус во договорот и ако има резултати ќе го гледаме и на ОИ Париз и на ЕП 2024 што заедно го организираат Унгарија, Швајцарија и Австрија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk