Хорхе Дуењас, поранешниот селектор на женската репрезентација на Шпанија, нема да добие нов договор со Бразил. Бразилската федерација по незадоволителниот настап на Бразил на ОИ Токио, му се заблагодари на Шпанецот за услугите.
Хрватот Иван Пешиќ, голманот на Мешков Брест би требало да се пресели во Нант следната сезона, а таму според најновите шпекулации треба да пристигне и Виктор Халгримсон, голманот на Исланд. Од екипата си оди Емил Нилсен, следна дестинација за него треба да биде Барса.
ПСЖ наводно е заинтересиран и треба да ги доведе во своите редови ракометарите на Нант, Александре Кавалканти и Драган Пешмалбек.
Украинскиот пивот Павел Гурковски (35) не доби продолжување на договорот со Мотор Запорожје и одлучи да ја заврши играчката кариера.
„Многу луѓе од кои не очекував ми забија нож во грб“, изјави довчера највлијателниот човек во ракометот во Данска во последните 10 години - Пер Бертелсен. Нов претседател на Данската ракометна федерација е Мортен Стиг Кристијансен.
ИХФ ја промовираше топката со која ќе се игра на СП Шпанија 2021
мскнг