Металург го суспендираше Додиќ

Приказната за момчето кое со својот брат секој ден по училиште патуваше од Врање во Скопје за да биде дел од Металург, нема хепи енд, туку се ближи кон грд крај.



Стефан Додиќ (18) сега веќе полнолетен, по неколку години минати во Автокоманда, ракометно сосема солидно и поткован и афирмиран е на излезна врата од Металург. Но, неговата приказна не е завршена, ниту обврските кон клубот во кој се афирмираше. Тој има уште една година од договорот со Металург, а клубот не е расположен да го ослободи порано од обврските. Барем не бесплатно. 
Додиќ има поднесено барање на раскин на договор на штета на клубот, но при последната проверка, РФМ се уште немаше активирано случај, и чекаше комплетна документација.

Додиќ не се појави на прозивката во Металург затоа што беше со репрезентацијата на Србија на У19 ЕХФ Еуро во Хрватска, но не се врати во тимот и по завршувањето на шампионатот и според последните информации, тренира со екипата на Охрид. Следеше и очекуваната реакција на клубот од Автокоманда. 

Металург денеска го суспендираше Стефан Додиќ на три месеци од тренинзи и натпревари. РФМ е информиран за оваа одлука и дека Металург блокира секаква регистрација за друг клуб додека се води судскиот спор. 

Металург има доставено во РФМ анекс на договорот и докази за уплата, а клупските адвокати ја разгледуваат можноста и за Арбитража на ЕХФ доколку играчот биде регистриран за друг клуб. 

Летово за Стефан Додиќ слушнавме наводна заинтересираност од Келце, имало и контакт, но не продолжил да се интересира полскиот клуб. Потоа во игра беше Целје, имаше и комбинација за трампа на играчи со Вардар во која ќе влезеше и Додиќ, за на крајот Охрид да биде местото од каде што Додиќ ќе го продолжи спорот. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk