Kој ќе падне? Вардар или Загреб?

Мотор Запорожје, Веспрем и Мешков Брест веќе се пласираа на Фајнал фор на СЕХА што ќе се одржи во Задар. Мотор и Веспрем веќе коваат тактика за меѓусебниот дуел, додека Мешков Брест го чека последниот полуфиналист.



Вардар или Загреб? Кој клуб ќе биде единствениот со сите учества на Фајнал Фор? Македонија или Хрватска, која држава ќе биде единствената што имала претставник на сите Фајанл фор турнири на СЕХА. 

Одговорот кој ќе остане, а кој ќе падне ќе го добиеме вчерва. Натпреварот во Загреб почнува во 20:00 часот, а убава предност од четири гола има Вардар (24-20). Сепак, треба да имаме  на ум дека до последната минута разликата беше многу потенка. 
Има Вардар уште многу што да покажа што не видовме во Скопје, но има и ППД Загреб што да покаже, особено нивното најголемо засилување, Иван Чупиќ, кој во Скопје беше маѓепсан од враќањето во „Јане Сандански“, па на Обрван му служеше само како егзегутор од пенали. 

Се чини дека не чека напнат, неизвесен дуел во кој шансите сега сепак се на страната на Вардар. Четири гола предност и тоа со само 20 примени гола, значат и дека Загреб ќе мора да победи со пет гола во моментот кога Вардар ќе го постигне својот 21 гол вечерва. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk