По Динамо Букурешт во машка конкуренција кој го загуби Супер куп натпреварот од Констанца, а патем се скара и со навивачите, на редот си помина и ЧСМ Букурешт, женскиот дрим тим.
Се расклати ли проектот ЧСМ Букурешт на уште непочната сезона? Скапиот дрим тим е поразен во финалето на Купот на Романија, а сензационален победник е екипата на Глориа Бузау (35-29).
Дел од Глориа Бузау сезонава ќе биде и македонската ракометарка Марија Штериова, но таа е на рехабилитација.
Да биде комплетна сликата и во мечот за трето место победи аутсајдер. Залау го реши Рапид Букурешт (26-24), новиот скап проект во женскиот ракомет во Романија.