Мешков повторно пресилен за Е. Пелистер

МЕШКОВ БРЕСТ - Е. ПЕЛИСТЕР  35-31 (18-14)




Е. Пелистер не успеа да го смени впечатокот од Битола, на средбата во Брест. Се обидоа ракометарите на македонскиот вице-првак да изненадат во Белорусија, можеби не до ниво да се пласираат на Фајнал фор, туку барем да победат, но имаа пред себе објктивно поквалитетен противник. 
Десетина минути се играше во убав ритам, без многу фаули но со убави потези и резултатот беше 5-5. Но, потоа домашните решија да покажат кој е кој на овој двомеч, го кренаа нивото на одбрната, ги активираа крилата Јуринок и Вајлупов и следеше серија од 6-0 за Мешков, водство од 11-5, а потоа комплетна доминација која доведе во 24 минута да биде 16-8 и закана за двоцифрена разлка. 
Не отиде натпреварот преку 10 гола, немаше потреба, Мешков Брест се опушти, битолчани воспоставија баланс на натпреврот и направија и серија од 6-2 со која на одмор се замина со резултат 18-14. 

Второто полувреме беше резултатски рамноправно. Е. Пелистер се обидуваше да направи пресврт, но контролираа доволно добро Белорусите и кога ќе требаше ќе притиснеа и ќе направеа дистанца.

Вајлупов со 11 гола беше најефикасен, Врањеш постигна шест, додека Обрадовиќ и Мандалиниќ постигнаа по пет гола, а Мараш четири за екипата на Е. Пелистер.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk