Чудо или елминaција за Е. Пелистер

Мешков Брест денеска  (16:00) го пречекува македонскиот Е. Пелистер на реванш дуел од 1/4 финалето на СЕХА Шампионатот. 



Судбината на Е. Пелистер во ланската СЕХА мошне веројатно ќе биде запечатаена попладнево во Брест, Белорусија. Спортски е да се надеваме на пласман но тоа низ бројки би изгледало како победа на Е: Пелистер од пет гола разлика над Мешков во Брест. А такво нешто ни е тешко да замислиме, особено по прикажаното во Битола. 

Мешков победа со 31-27 во Битола и веќе го трасираше својот пат за Задар каде веќе чека Веспрем и Мотор е на одличен пат да го елиминира Прешов. Единствено, Задреб и Вардар ќе бидат чекани до последни момент. 

Средбата во Брест очекуваме да биде многу поинаква, особено што за домашните ќе игра Баптист Бонфон, а за битолчаните Немања Обрадовиќ и Никола Маркоски. Ова трио уште во првиот дел во Битола доби црвени картони, сега приказната би требало да е поинаква. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk