Потоп на Данците во Европска лига

Прв пат во историјата на ЕХФ Куп, три дански екипи загубиле во истовремено. 



Би било чудно, но не и невозможно годинава Данска да нема ниту еден претставник во групната фаза од Европската лига. 
Денеска се играа првите натпревари од првото квалификациско коло за Европската лига во кое настапија три дански тима и сите беа поразени. 
Фаворитот ГОГ Гудме загуби од Целје на гостувањето во Словенија со 29-33 и со овој резултат нема право да се надева на сигурен премин во второто коло. 
Бјерингбро Силкеборг на свој терен загуби минимално од шведскиот Истад, а екипата на Холстебро со 25-31 е поразена на гости од Тримо Требње.
Нивниот четврти претставник е пласиран во второто коло, а тоа е екипата на Морс. 

Денеска голем чекор кон второто коло направи ЦСКА Москва со победата на гости кај Макаби (29-26), на меч на кој се повреди екс вардарецот Димитри Кисељов. 
Кринс Луцерн бадијала се засили со некогашниот вардарец Пелко, тие денеска 24-31 на свој терен загубија од Бенфика. 
Ланските противници на Металург во групната фаза, екипите на Алпла Хард и Тулуз сега се сретнаа во првото коло, а победи и тоа како гостин тимот на Тулуз (27-23). 

Рајн Некар го декласираше турскиот Тото спор (38-22), Констанца славеше на гости кај Чурго (27-23), а најинтересно беше на дуелот меѓу Акваш Санташ од Португалија и Ла Риоха од Шпанија. Средбата заврши без победник, 26-26. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk