Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе биде дел од Светското првенство на клубови што годинава ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на Супер Глоуб годинава. Тие неодамна го откажаа учеството на овој турнир, затоа што им најавија дека за влез во С. Арабија ќе им биде потребна трета доза на вакцина.
Но, политиката се промени, нема да има потреба од такво нешто туку доволно ќе им биде и ПЦР тест, иако се вакцинирани, па решија да ја прифатат понудата на ИХФ.
Годинава Супер Глоуб ќе се игра во С. Арабија, од 4 до 10 октомври а ќе учествуваат 10 екипи. Требаше да се игра во Дамам, па во Џеда, па пак во Дамам...
Со промената на градот домаќин се менуваше и списокот на учесници, а на крајот најмногу загубија Данило Брестовац и Ал Мадар. Тие беа предвидени да бидат домаќини, но сега таа обврска ја доби Ал Веда.
Барса, Алборг и Магдебург се трите европски учесници. Покрај нив се уште Ал Нор и Ал Веда, двата клуба од С. Арабија, потоа Пињеирос од Бразил и Сан Франциско од САД. Сиднеј традиционално ја претставува Австралија, Ал Духаил е претставникот на Катар и Азија и се чека само уште на претставник на Африка.