Савевски доби селекторски мандат

Љубомир Савевски останува на чело на женските репрезентации на Македонија. Управниот одбор на состанокот одржан пред два дена донесе одлука за продолжување на соработката со Савевски, соработка што истече по три месеци пробен период. 


 

РФМ по тој повод објави соопштение за јавноста:
Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција.

Г-динот Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во време период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата U-17 кое се одржуваше во Литванија,освојувајќи го првото место.

Г-динот Љубомир Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е  именуван ќе ја извршува за период од две години.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk